Лејкерс не простува: Волтон наскоро ќе добие отказ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс одлично ја почна сезонава, откако во тимот пристигна Леброн Џејмс, па многумина помислија дека лесно ќе изборат пласман во плејофот, но во последно време играат катастрофално.

Американските медиуми пишуваат дека прва „жртва“ во Лејкерс ќе биде тренерот Лук Волтон, за кого Меџик Џонсон веќе подготвил замена.

Наводно, на местото на Волтон во Лејкерс ќе пристигне поранешниот тренер на Кливленд кавалирс, Тајрон Лу, кој претходно соработуваше и со Џејмс.

Доколку продолжат Лејкерс со лошата форма во наредните натпревари, тогаш речиси сигурно ќе испуштат пласман во плејофот, па ќе мора да има голем ремонт пред почетокот на новата сезона.