„Лејкерс треба да размисли за трејд на Леброн Џејмс“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Њујорк и Хјустон, Џеф Ван Ганди вели дека Лос Анџелес Лејкерс мора да го сменат својот тим пред наредната сезона и дека една од опциите треба да биде и трејд на Леброн Џејмс.

Доаѓањето на Џејмс во Лејкерс не го донесе тоа што се очекуваше. Годинешниот тим е далеку од плејофот и Леброн сам не може да смени ништо.

„Мора да се гради нов тим. Според мое мислење треба да биде ангажиран Ентони Дејвис или мислам дека треба да размислат за трејд на Леброн. Ако може да го преселат во Клиперс, тогаш ќе направат место за Кевин Дурант или Кавај Ленар“, вели Ван Ганди.

Ван Ганди ова го кажа во текот на мечот меѓу Бостон и Лејкерс, а селекторот на американската репрезентација доби и противници кои мислат спротивно од него.