Зидан прави „дрим тим“ во Реал Мадрид (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот тренер Зинедин Зидан во првиот мандат со Реал Мадрид освои многу трофеи, а посебно доминираше во Лигата на шампиони, каде што освои три трофеи по ред.

По неговото заминување во Мадрид владееше хаос. Најпрво Хулен Лопетеги, а потоа и Сантијаго Солари не постигнаа добри резултати, па Зидан пристигна како спасител.

Сезоната која се ближи кон крајот е за заборав. Клубот очекува големи промени на лето, а се најавуваат спектакуларни засилувања.

Неколку врвни фудбалери се поврзуваат со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“. Еден Азар е еден од нив, а се споменуваат пристигнувања на Килијан Мбапе, Нејмар, Н’Голо Канте, Пол Погба, но и голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа.

Сигурно дека некој од овие фудбалери ќе пристигне, а доколку тоа се случи, тогаш Реал повторно ќе биде кандидат за сите можни трофеи.

Англиските медиуми направија „дрим тим“, кој може да го погледнете на фотографијата.