УЕФА ќе има таен состанок: ЛШ ќе претрпи нови промени!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Волт Стрит журнал“ објави дека во четврток ќе се случи историски состанок меѓу УЕФА и ЕЦА. Состанокот бил договорен претходно, а дури сега се појавија информациите за темата на нивните разговори.

Европското Здружение на клубови (ЕЦА) сака да го промени форматот на Лигата на шампиони (ЛШ) за да им одговара на богатите. Сакаат и најголемите клубови да имаат сигурно место во натпреварувањето, а не за него да се борат преку националните првенства.

Едно од новите правила би можело да биде тоа за испаѓањето од ЛШ и пласманот во истото натпреварување. Така во ЛШ тешко би се влегувало, но и тешко би се испаѓачо, што би ја намалил можноста некој гигант да остане без пласман.

„Помалите клубови би можеле потешко да се пласираат во ЛШ“, пишуваат од медиумот.

Втората промена би требала да биде смена на терминот, односно натпреварите да се играат преку викенд, а натпреварите од националните шампионати преку недела.

Истиот извор пишува дека овие промени нема да се случат до 2024 година, но и дека УЕФА мора да ги прифати во страв од создавање на Суперлига, која би ја организирале самите клубови.