Реал Мадрид испрати понуда за Азар, па веднаш пристигна одговор од Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека ѕвездата на Челси, Еден Азар е една од главните желби на Реал Мадрид за летниот преоден рок.

Зинедин Зидан се врати на тренерската позиција во Мадрид, па тоа ги зголеми шансите за пристигнување на Белгиецот во редовите на „кралскиот клуб“.

Наводно, Шпанците испратиле понуда од 80 милиони евра, а тоа е под вредноста на фудбалерот, односно сумата која Челси е подготвен да ја разгледува.

Роман Абрамович им кажал „НЕ“ на „кралевите“, па тие ќе мора да испратат најмалку 100 милиони евра, но до лето има уште многу време, па сигурно ќе има и преговори.

Азар претходно призна дека сака да игра во Реал, за клубот кој го сакал од мал, а на лето конечно би можела да му се оствари таа желба.