„Скај Спортс“: Реал Мадрид има план Б доколку не го ангажира Азар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид ќе се обиде наредното лето да го ангажира фудбалерот на Челси, Еден Аар, но постои и алтернатива во случај „кралевите“ да не успеат во својата намера, а името кое се споменува нема да ги воодушеви навивачите.

„Кралевите“ се ептен загреани за Белгиецот, а и тој самиот претходно кажа дека сака да заигра во Мадрид, па можеби наредното лето е идеално за такво нешто, но Реал не сака да ризикува, па доколку не го купи Азар, тогаш ќе тргне по потписот на ѕвездата на Вест хем, Фелипе Андерсон.

„Скај Спортс“ пишува дека тоа најмногу зависи од преговорите за Азар, а доколку пропаднат, тогаш Андерсон ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ за неверојатни 75 милиони евра.

Андерсон важеше за еден од најголемите таленти на бразилскиот фудбал. Од Сантос се пресели во Лацио во 2013 година, каде што играше многу добро  постигна 33 голови и 41 асистенција во 176 настапи.

Сепак, не го исполни целосно својот потенцијал, но и покрај тоа игра фантастично во дресот на Вест хем, па можеби наскоро ќе направи уште еден голем трансфер.