Азар: Зидан е причината поради која почнав да играм фудбал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Еден Азар уште еднаш ја покажа својата приврзаност со Реал Мадрид и со нивниот тренер Зинедин Зидан.

Речиси една година се шпекулира дека „кралевите“ ќе го купат Еден Азар од „Стемфорд бриџ“, но тие не успеаа, откако нивната прва понуда од 60 милиони фунти беше одбиена од раководството на лондонскиот клуб.

„Многу го почитувам Зидан. Тој е мојот идол. Благодарение на него почнав да играм фудбал“, призна Азар и ја „разгоре“ фантазијата кај навивачите на Реал Мадрид.

Белгискиот фудбалер ја отфрли можноста пред крајот на сезоната да потпише договор, зашто сака најпрво со Челси да ја освои титулата во Лига Европа, па на лето ќе размислува за неговата иднина.