Жешко е во Рим: Џеко и Ел Шарави за малку ќе се истепале! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Рома, Един Џеко беше многу нервозен во мечот кој го загуби неговата екипа против СПАЛ минатата недела.

„Дијамантот“ се изнервира во финишот на првото полувреме и почнал караница со фудбалерите на домашниот тим, па паднале многу тешки зборови.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Џеко тука не запрел, па во соблекувалната на полувреме имал жестока пресметка со Стефан Ел Шарави.

Италијанските медиуми пишуваат дека двајцата фудбалери почнале да се туркаат, но тепачка во соблекувалната спречиле останатите соиграчи.

За да ја смири ситуацијата, тренерот Клаудио Раниери решил да го замени Ел Шарави, а тоа не му се допадна на фудбалерот.

Џеко веќе со месеци се поврзува и со заминување од Рома, а има договор до 2020 година, па Римјаните за негова слобода бараат 30 милиони евра.