Сити му одговорија на газдата на Баерн: Вознемирени сме поради неговиот коментар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес се најде во центар на внимание пред два дена, откако раскажа еден разговор меѓу него и Пеп Гвардиола, па откри што прави Пеп кога ќе му затреба засилување.

„Мојот пријател Пеп ми раскажа што се случува кога ќе побара 100 милиони евра за засилувања. Наоѓа снимка од тој фудбалер и оди на состанок со шеикот Мансур. Следува ручек, ги гледаат снимките, а потоа шеикот само префрлува пари“, кажа Хенес.

Тоа ја вознемири управата на Манчестер сити, кои веднаш испратија реакција и го обвинија газдата на Баерн за – расизам.

„Ова е изјава на самозадоволен голем егоист. Исто така, вознемирени сме поради неговите зборови во кои има и расистички контекст“, порачаа „граѓаните“.