Мбапе ги услови „големиот“ Реал Мадрид и Зидан: Јас на „Бернабеу“, само ако …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемата млада фудбалска ѕвезда, Килијан Мбапе е најголема желба на Зинедин Зидан и веќе преговара за неговото преминување во Реал Мадрид за сума од 280 милиони евра.

Последните недели се шпекулира дека Реал се подготвува за овој бомбастичен трансфер. Како што се наведува, намерата е да се донесе Мбапе, причина поради која Флорентино Перез на клупата го врати Зидан.

Шпанските медиуми тврдат дека Зидан и Мбапе во изминатите денови ги завршиле разговорите и дека ПСЖ поставил интерес услов доколку Реал сака да го види Французинот на „Сантијаго Бернабеу“.

Францускиот суперстар, побара од Реал да го купи неговиот пријател од Сент Етјен, Вилиам Салибу. Овој 18-годишен фудбалер е најдобар другар на Мбаше и во Франција го сметаат за голем талент. Чини 3 милиони и за богатите Кралеви неговиот ангажман не би требал да биде проблем.

Прашање е дали Салибу е калибар за Реал иако се работи за мала сума на средства, меѓутоа за неговото ористигнување, Реал би го добил најдрагоценото: најдобриот млад играч на денешницата.