„Скај Спортс“: ПСЖ ангажираше фудбалер на Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ планира ремонт на лето, а како едно од потенцијалните засилувања се споменува Андер Ерера од Манчестер јунајтед. Според „Скај Спортс“ Шпанецот потпишал договор со францускиот клуб, па на лето ќе се пресели во Париз.

Шпанецот по пет години заминува од „Олд Трафорд“ и ќе стане член на францускиот шампион со кој ќе потпише повеќегодишен договор.

Ерера во Јунајтед пристигна за 36 милиони евра од Атлетик Билбао во 2014 година и за нив одиграа 187 натпревари и постигна 20 голови.

На „Паркот на принцовите“ ќе заработува 173.000 евра, најверојатно, а трансферот би можел да биде наскоро завршен.

Сезонава одигра вкупно 26 натпревари за Јунајтед, а запиша три гола и три асистенции.