Шпанците тврдат: Иско заминува од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид сака да ја наполни касата за летниот преоден рок, кога се очекуваат неколку нови ѕвезди на „Сантијаго Бернабеу“.

Зинедин Зидан нема намера во екипата да го користи Иско бидејќи на лето се очекува пристигнување на Еден Азар од Челси, па поради тоа Шпанецот ќе замине во Манчестер сити.

Пеп Гвардиола одамна го „мерка“ Иско, посебно затоа што Илкај Гундоган нема да го продолжи договорот со „граѓаните“, па токму Шпанецот би требало да биде неговата замена.

Според шпанските медиуми, цената на Иско би изнесувала 95 милиони евра, а конкуренција на Сити ќе му прави Јувентус, кој планира да испрати понуда за искусниот фудбалер.