Ибрахимовиќ во свој стил: Меси и Роналдо? Јас сум друг вид на животно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ игра одлично и на 38-годишна возраст во американската МЛС-лига, па со неговите настапи ги воодушеви навивачите.

Во четири натпревари постигна шест голови и го натера својот тренер Скелото да го спореди со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

„Кога играш против нив двајца, можеш да видиш за што се способни. Истото го чувствувам кога ќе го погледнам Ибра“, вели Скелото.

Ибрахимовиќ е навикнат на комплименти, а на пофалбите од својот тренер реагираше во свој стил.

„Кога играв против нив или со нив во Европа се чувствував дека сум различен вид на животно. Сега сум ново животно и тоа постаро“, кажа Ибра.