Интер подготвува понуда за Дибала


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Интер Милан сериозно ја разгледуваат опцијата да го заменат Мауро Икарди со Пауло Дибала.

„Тутоспорт“ тврди дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Патричи е во преговори со извршниот директор на Интер, Џузепе Марота за можен договор ова лето.

На Икарди ќе му биде дозволено да си замине од Интер ова лето, но само доколку на адресата на клубот од Милано пристигне прифатлива понуда.

Јувентус би можел да направи целосна реконструкција на тимот, а токму Икарди да е клучен дел од истата.