„Росонерите“ во финишот останаа без нови три бода: Парма успеа да се искачи на 13. позиција (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со дуелот помеѓу Парма и Милан беше отворено 33. коло во Серија А. Милан беше блиску до триумф, но Парма во финишот стигна до реми од 1:1.

Првото полувреме донесе неколку шанси на обете страни. Се закануваше нешто почесто Парма,но на одмор се замина со резултат 0:0.

Обете екипи поприлично внимателно влегоа во второто полувреме, а потоа Милан во 69. минута стигна до предност. Сусо уфрли, а Кастељо истрчас на неговиот центаршут и со глава погоди за 0:1.

Со водствотго на Милан се влезе во самиот финиш на средбата и се чинеше дека „Росонерите“ ќе запишат победа. Меѓутоа, Парма не се предаде, а во 87. минута стигна до израмнување.

Искусниот дефанзивец на Парма, Бруно Алвес фантастично изведе слободен удар, Донарума немаше никакви шанси, па Португалецот на Парма и донесе бод во дуелот со Милан.

Милан така сега е на четвртата позиција и сега има 56 бодови, додека Парма, накратко го прескокна СПАЛ на 13. место и моментално има 36 бодови.