„Старците“ од Ајакс му донесоа неверојатен рекорд на клубот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ајакс со победата од 1-0 кај Гронинген во 31. коло од холандското првенство ја продолжија трката со ПСВ за шампионската титула, но притоа поставија рекорд за голови во богатата историја на клубот.

Клас Јан Хунтелар во 78. минута постигна важен гол, а тоа му беше 104-ти за Ајакс, па така го премина Денис Бергкамп, а притоа тоа беше и 156-ти гол за клубот во сите натпреварувања сезонава.

Хунтелар така стигна до бројката од 20 голови и е втор стрелец сезонава, иако наскоро ќе наполни 36 години, а прв е Душан Тадиќ, кој има 30 години и  има постигнато 32 голови.

Ова покажува колку е неверојатна оваа генерација на Ајакс, заедно со еден куп талентирани тинејџери, кои ќе се борат против Тотенхем во полуфиналето од Лигата на шампиони.