Челси нуди огромно богатство за ѕвезда на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона не е задоволна со настапите на Филипе Кутињо, кој често е резерва кај тренерот Ернесто Валверде, па поради тоа постојано се шпекулира дека Бразилецот на лето ќе ги напушти Каталонците.

Еден од заинтересираните клубови е Челси, кој планира да понуди дури 150 милиони евра за неговиот потпис бидејќи очигледно е дека лондонскиот тим ќе остане без Еден Азар, кој долго време се поврзува со Реал Мадрид.

Секако, услов за реализација на трансферот е на Челси да му биде одложена казната, односно да им биде одобрена жалбата и притоа укината казната од забрана за ангажирање фудбалери во рок од два преодни рока.

Исто така, тимот постојано се поврзува со нови бизнисмени, кои сакаат да го откупат од Роман Абрамович, кој се наоѓа во големи проблеми со англиските власти, па би можел наскоро да се ослободи од лондонскиот тим