Вистинско лудило по освојувањето на титулата на ПСЖ: Најтрофејниот Дани Алвес во делириум (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ синоќа официјално станаа шампиони во Франција и така ја продолжија доминацијата во домашното првенство.

Во изминатите седум години, ПСЖ освои шест титули во Лига 1, а овој трофеј особено ќе го памети Дани Алвес кој така стана најтрофеен фудбалер во историјата.

Искусниот Бразилец во својата богата кариера освои 42 трофеи со што го престигна Хосам Хасан кој имаше еден трофеј помалку во својата кариера.

Алвес не го криеше своето воодушевување по мечот и особено се погрижи да биде во центарот на вниманието кога е прашање славењето во соблекувалната со што насмеа многумина.

Треба да се додаде дека Алвес дури 23 титули освои со Барселона, а по пет со Севиља и ПСЖ. По три титули освои со Бахија и Јувентус во кој играше само една сезона.