Спајдермен влета на терен, повреди кошаркар, па тие грубо го изнесоа од паркетот! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Петтиот меч од финалето на филипинскиот плејоф меѓу Магнолија и Сан Мигел беше прекинат поради упад на еден маж во одело на суперхеројот Спајдермен.

Човекот во полициската станица објаснил дека сака да испрати порака за мир, но наместо тоа направи хаос на теренот, па притоа повреди еден кошаркар на Сан Мигел.

Филипинскиот Спајдермен наеднаш се појави на паркетот и налета на центарот Мар Фарад, па го удри во вилица, по што брзо го совладаа припадниците на обезбедувањето.

Спајдермен стана главен актер на мечот, а камерите беа насочени кон него додека обезбедувањето го носеше во просториите на Арената, кадешто го демаскираа.

Момчето призна дека сака да испрати само важна порака пред изборите на Филипините.