Кари се разбуди и го однесе Голден Стејт во конференциско финале! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голден Стејт вориорс стигна во Хјустон во надеж дека ќе ја заврши полуфиналната серија на Западната конференција без разлика на тоа што не можеа да сметаат на својот најдобар кошаркар, Кевин Дурант.

Не беше воопшто лесно, а Голден Стејт го совладаа Хјустон со 118-114 во шестиот меч и со вкупни 4-2 си обезбедија ново финале на Западот.

Од самиот почеток беше неизвесно, а Хјустон по првата четвртина имаше водство од 28-27, но 24 минути подоцна семафорот покажуваше 57-57.

Во продолжение од мечот Хјустон стигна до седум поени предност, но Голден Стејт одговори на тоа и направи пресврт.

Џејмс Харден играше добро, но неговиот противник Стеф Кари успеа да донесе победа на Голден Стејт.

Најдобар кај Хјустон беше Харден со 35 поени, додека Кари го заврши мечот со 33 постигнати поени.