Погба прави спектакуларен трансфер: Јунајтед добива примамлива понуда!?

Пол Погба не игра најдобро по пристигнувањето во Манчестер јунајтед, кој се соочува со катастрофална форма, па сезонава заврши на шестата позиција во Премиерлигата.

Погба во претходните месеци се поврзуваше постојано со заминување од Јунајтед. Реал Мадрид беше предвиден како негова наредна дестинација, но според „Тутоспорт“ на адресата на „црвените ѓаволи“ наскоро ќе пристигне огромна понуда.

Таа понуда ќе пристигне од Барселона, која наводно е подготвена да плати дури 150 милиони евра за услугите на Французинот.

За да имаат средства за да го ангажираат Погба, Каталонците наводно се подготвени да го продадат Иван Ракитиќ и на тој начин да создадат простор за пристигнување на Погба.

Да потсетиме, Јунајтед претходно соопшти дека ќе бара 170 милиони евра за неговите услуги, но можеби ќе дозволи да замине во Барселона за 150 милиони евра.

Advertisements