Конор Мекгрегор гради домови за сиромашни семејства (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ирскиот борец Конор Мекгрегор реши да изгради зграда во која нови домови ќе добијат осум семејства, кои во моментов престојуваат во хотели во Даблин. Мекгрегор проектот го финансира со свои пари.

Познатиот броец така покажа дека не заборавил од каде доаѓа. Тој има потекло од работничко семејство и пред да заработи милиони евра преку борби, тој работеше како водоинсталатер.

„Завршуваме осум домови. Станува збор за трисобни домови наменети за семејства, кои во моментов се наоѓаат во хотели во Даблин. Семејствата немаат сопствен дом. Горд сум додека одам по градилиштето и ги запознавам соседите на кои наскоро ќе им се приклучат новите семејства. Ирска пред сите! Ирска засекогаш!“, напиша Мекгрегор на Инстаграм.