Управата на Борусија Дортмунд не се шегува: Пристигнува и четврто големо засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милионерите жестоко „навалија“ на летниот преоден рок.

Баерн ги искористи грешките на Борусија Дортмунд и на крајот завршија со предност од два бодови и го освоија трофејот на Бундеслигата.

Милионерите освен без титулата од Бундеслигата остсанаа и без Кристијано Пулишиќ кој за 69 милиони евра го напушти клубот и замина во Челзи, но и покрај тоа милионерите жестоко „навалија“ на летниот преоден рок.

Откако го откупија договорот на Пако Алкасер од Барселона за 21 милиони евра, Борусија го донесе и Нико Шулц од Хофенхејм и Торган Азар од Борусија Минхенгладбах, а сега на прагот на тимот е и стандардниот германски репрезентативец.

Како што пренесува медиумот Bild, Џулиан Брандт набрзо ќе го потпише договорот со клубот од Дортмунд.

И покрај тоа што неговиот тим Баер Леверкузен го осигура местото во Лигата на Шампионите од наредната сезона, Брандт изрази желба да замине во Дортмунд, а Баер Леверкузен тука не може ништо да направи со оглед на тоа што Брандт има откупна клаузула од само 25 милиони евра.

Тој имаше понуди и од Јувентус, Атлетико Мадрид, Тотенхем и ПСЖ, но и покрај тоа, тој одлучи да остане во Германија и да проба да го освои трофејот во Лигата на Шампионите.

Борусија до сега има потрошено 76 милиони евра, а со трансферот на Брандт сумата ќе порасне на 101 милион евра.

Џулиан Брандт оваа сезона има одиграно 43 натпревари во сите натпреварувања на Баерн Леверкузен и постигна 10 погодоци.