„Црвените ѓаволи“ подготвени да ја платат откупната клаузула за еден од најбараните тинејџери во Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Јунајтед наводно биле подготвени да ја платат откупната клаузула за Жоао Феликс од Бенфика.

Португалски „Рекорд“ пренесува дека „ѓаволите“ се согласиле да платат неверојатни 105 милиони фунти за 19 годишниот фудбалер кој блесна оваа сезона.

Жоао Феликс годинава во дресот на Бенфика во сите натпреварувања постигна 20 погодоци и асистираше 11 пати.

Младиот фудбалер се поврзува и со трансфер во редовите на Манчестер Сити кој го пикирал играчот како замена за Лерој Сане кој кариерата веројатно ќе ја продолжи во Баерн Минхен.