Јокиќ ќе игра за Србија на СП: Ќе дадам сè од себе за да освоиме медал во Кина!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ потврди дека денеска ќе игра за неговата репрезентација на Светското првество (СП) и порача дека ќе даде сè од себе во Кина за да освојат медал.

НБА-ѕвездата Јокиќ ги израдува навивачите кај нашиот северен сосед, откако соопшти дека ќе ги брани боите на Србија на Мундобаскетот.

„Многу сум задоволен со сè што направи во НБА сезонава. Имав одлична година, во која настапував на Олстар и бев избран во идеалната петорка на НБА. За мене круна на сезоната би претставувал медал, кој сум сигурен дека може Србија да го освои на Светското првенство во Кина и подготвен сум да дадам сè од себе за да се оствари таа цел“, вели Јокиќ за српските медиуми.