Виљаш Боаш седна на клупата на Европски гигант

Поранешниот тренер на Челси и Тотенхем, Андре Виљаш Боаш по кратката авантура на релито Дакар повторно седна на тренерско столче.

Португалецот кој последно го водеше тимот на Шангај кариерата ќе ја продолжи во Франција, во редовите на Марсеј каде доаѓа како наследник на Руди Гарсија.

Виљаш Боаш се прослави работејќи во  Порто, а имаше солидни резултати и во Челси, Тотенхем и Зенит пред да направи богат трансфер во Кина.

На релито Дакар не се прослави, па токму затоа се реши да се врати на тренерската професија.

Advertisements