Хаос во Турција: Српски репрезентативец провоцираше, па за малку ќе добиеше ќотек (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Никола Калиниќ ја одбележа „мајсторката“ од четвртфиналето во турскиот шампионат меѓу Фенербахче и Турк Телеком.

Фенербахче славеше со 92-59 против клубот од Анкара, а јунак на убедливиот триумф беше токму Калиниќ, кој постигна 22 поени во мечот.

При излегувањето од игра, во финишот на мечот, навивачите на Фенербахче го поздравија Калиниќ со овации, а тој на необичен начин почна да ја слави победата.

Кошаркарите на Турк Телеком го разбраа тоа како провокација, па го загубија разумот и тргнаа да се тепаат со Србинот. Најпрво пристигна Реџи Рединг, кој се обиде физички да се пресмета со Калиниќ.

Иако делуваше дека ќе се случи голема тепачка на теренот, сепак во паркетот влезе и тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, кој ги раздели спротиставените страни.