Зборуваше дека го сака Арсенал, но оваа прослава никогаш нема да му ја простат „топчиите“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Оливие Жиру на крајот на сезоната со Челси го освои трофејот во Лига Европа, а постигна и еден гол против поранешниот клуб Арсенал.

На видеото кое на Инстаграм го објави Жоржињо, Жиру го држи трофејот во раце и кажа „Благодарам, Арсенал“.

Интересно е тоа што Французинот по мечот кажа дека нема премногу да слави поради почит кон Арсенал.

„Овие два клуба ми го променија животот. Ми дадоа шанса да играм во Премиерлигата. Не сакам да славам поради Арсенал, но горд сум затоа што го освоив трофејот“, кажа Жиру.

На крајот, сепак, реши да слави, а тоа ги налути навивачите на Арсенал, кои сигурно нема да му го простат потегот.