Полицијата против измамниците: Навивачите на секаков начин се обидуваат да влезат на финалето во ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересот за финалето во Лигата на шампиони е огромно, па полицијата презема големи мерки на претпазливост.

Од 21 часот се игра големото финале во елитното натпреварување, кадешто ќе се пресметаат Тотенхем и Ливерпул, а средбата се игра на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Улиците на Мадрид од утринава се полни со англиски навивачи. Сепак, стадионот може да прими само одреден број на луѓе,  а картите се распродадени, но некои фанови се сетија како може да влезат на стадионот.

Полицијата во Мадрид заплени голем број лажни маркери за обезбедување на стадионот, како и лажни скенери за билети и лажни акредитации.

Поради тоа полицијата предупреди навивачите билетите да ги покажат на обележаните места со знакот на УЕФА, зашто во спротивно може да останат без влезници.