Кратко траеше авантурата во ПСЖ: Џиџи Буфон и официјално си заминува од клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На официјалната страна на францускиот шампион ПСЖ беше објавена ифнормација дека договорот на Џиџи Буфон нема да биде продолжен и дека по крајот на овој месец тој ќе биде пуштен да си замине.

Легендарниот голман во дресот на ПСЖ одигра 25 натпревари во сите конкуренции сезоната што измина.

– Ви благодарам на сите што ми дадовте шанса да живеам во Париз. Ви благодарам за емоциите што ги делевме заедно. Пред 12 години пристигнав во ПСЖ полн со ентузијазм и се почувствував добредојден од преголемата топлина на фановите. Ви благодарам уште еднаш со сето мое срце, си заминувам среќен, -истакна Буфон.