Краток разговор на мрежата: Што му рече Надал на Федерер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Надал е повторно шампион на Роланд Гарос, а во полуфиналето го совлада големиот ривал Роџер Федерер.

Надал без поголеми проблеми го совлада Федерер со 3-0 во сетови во дуел во кој беа видени многу добри потези.

На крајот од средбата Роџер и Рафа се поздравија и на мрежата кратко поразговараа.

„Му посакав среќа на Вимболдон и на сезоната на трева, а тој мене среќа во финалето“, откри Надал и додаде:

„Игравме на навистина тешки услови и тоа е убавината на овој спорт, да бидеш спремен да се адаптираш на секакви ситуации. Имаше навистина добри поени и играњето против Роџер е секогаш уживање. Се надевам дека ова нема да е последен пат“, истакна Надал.