Македонското дуо од Палермо повторно заедно во клуб од Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека Илија Несторовски и Александар Трајковски следната сезона би можеле повторно да играат заедно, но не во редовите на Палермо.

Имено, за двајцата постои интерес од новиот член на Серија А, тимот на Лече кој сериозно размислува за опцијата да го донесе тандемот во своите редови.

Медиумите во Сицилија пишуваат дека Лече веќе започнал преговори со Палермо за трансферот на Трајковски, а потоа ќе го договара и трансферот на Илија Несторовски за кого постои интерес и од други клубови во Италија, но и на Балканот.