Валверде донесе одлука: Барселона нема да се откаже од двајца фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Ернесто Валверде имаше состанок со управата на Барселона за да разговара за плановите за следната сезона.

Барселона успеа да ја освои титулата во Ла Лига, но беше елиминирана од Ливерпул во Лигата на шампиони и Валенсија во шпанскиот Куп.

Валверде на состанокот со управата на Каталонците зборуваше за својот тим и фудбалерите, па порачал кои играчи не сака да ги пушти од „Камп Ноу“.

Тренерот на Каталонците не сака да го пушти Лионел Меси, што е нормално и очекувано, а наводно Валверде немал намера ниту да се откаже од Иван Ракитиќ.

Ракитиќ очекува нов договор, па кажа дека не сака да го напушти „Камп Ноу“ и нема да прифати ниту една понуда од друга екипа, иако „ѓаволите“ се поврзуваа со негов трансфер.