Официјално: Реал Мадрид го ангажираше и четвртото засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид уште во првите денови од преодниот рок веќе го комплетира тимот кој ќе го носи товарот следната сезона.

Откако беа објавени трансферите на Едер Милитао, Родриго, Лука Јовиќ и Еден Азар, пред малку од „кралскиот клуб“ објавија дека е постигнат конечен договор со Лион за трансферот на Ферлан Менди.

Менди потпиша шестогидшен договор со „кралевите“ кој ќе му истече на 30 јуни 2025 година, а официјално ќе биде презентиран на јавноста на 19 јуни во 14:00 часот.

Денеска Реал Мадрид официјално го презентираше Лука Јовиќ, а утре истото ќе се случи со најголемата ѕвезда досега, Еден Азар.