Бомба: Извршниот директор на Атлетико откри каде ќе игра Гризман следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулира за иднината на Антоан Гризман кој сигурно нема да продолжи да игра во Атлетико Мадрид.

Францускиот репрезентативец се поврзуваше со трансфер во Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а сега извршниот директор на Атлетико Мадрид конечно го откри клубот во кој ќе игра најдобриот фудбалер на „јорганџиите“.

„Знаеме уште од март каде Антоан ќе игра следната сезона. Тој ќе оди во Барселона“- истакна Жил Мартин, извршниот директор на Атлетико Мадрид.