Митровиќ се сели во Бундеслигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ ова лето сигурно ќе го напушти тимот кој испадна од Премиер лигата оваа сезона.

За српскиот напаѓач постои сериозен интерес од неколку клубови од Премиер лигата, а денес „Билд“ пренесе дека интерес за Митровиќ пројавил и славен член на Бундеслигата.

Имено за Митровиќ сериозно се интересирал тимот на Баер Леверкузен кој е во потрага по нов напаѓач. Вредноста на напаѓачот кој постигна 11 погодоци сезонава што измина е околу 30 милиони евра.