Реал го урна рекордот: Досега потрошија повеќе пари отколку кога ги купија Роналдо, Кака…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансфер периодот само што почна, а Реал Мадрид веќе го урна сопствениот рекорд. Тој потроши повеќе пари од 2009 година кога ги донесе некои од најдобрите и најскапите фудбалери во светот.

„Кралевите“ потрошија рекордни 303 милиони евра за трансфери досега, а очигледно тука не планираат да застанат и планираат уште неколку големи трансфери, па сумата може да достигне и повеќе од половина милијарда евра.

Пет фудбалери кои ги купи Реал досега чинеа 303 милиони евра фиксно, без пресметани бонуси. За Еден Азар беа платени 100 милиони евра на Челси, Лука Јовиќ пристигна во Мадрид за 60 милиони евра, Едер Милитао пристигна од Порто за сума од 50 милиони евра, Ферланд Менди беше платен 48 милиони евра на Лион, а Сантош доби 45 милиони евра за Родриго.

Само за споредба, во 2009 година беа потрошени 259 милиони евра за засилувања.