Навивачите во Торонто претераа со прославата: Тие почнаа да кршат полициски автомобили! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Торонто Репторс славеше во шестиот меч против Голден Стејт вориорс со 114-110 и со вкупни 4-2 стигна до титулата.

Илјадници навивачи излегоа на улиците во Торонто и почнаа со прославата, па се создаде прекрасна атмосфера, но имаше и такви кои претераа.

Некои навивачи го искористија метежот и го истурија својот бес на рекламите, зградите, автомобилите, сообраќајните знаци, излозите, а некои кршеа и полициски автомобили.

Сега се појави и снимка на која може да се види како непознати лица ги кршат стаклата на полициско возило.

Еден од хулиганите својот обид да го скрши стаклото на полицискиот автомобил дури реши и да го сними со камерата на својот мобилен телефон.