Македонија по двата порази падна на ФИФА-листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската репрезентациjа на Македонија доживеа пад од пет места на ФИФА-листата, откако во претходните два меча имаше два порази и тоа од Полска и Австрија, па сега нашите репрезентативци се наоѓаат на 73. место.

Македонските фудбалери имаа неуспешни настапи на Националната Арена „Тодор Проески“, откако најпрво загубија од Полска со 0-1, а потоа беа декласирани од Австрија со убедливи 1-4.

Што се однесува до репрезентациите во топ-10. Белгија е лидер на табелата пред Франција, а по нив следуваат Бразил, Англија и Португалија. Додека последните позици од најдобрите десет тима ги дополнуваат селекциите на Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

Македонската репрезентација следниот меч го игра против Израел на петти септември.