Леонардо од Милан се врати во ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ го вратија Леонардо на позицијата спортски директор, шест години откако си замина за да преземе таква позиција во Милан.

Бразилецот си замина од „Сан Сиро“ една година откако беше вратен во клубот минатата сезона  кога беше назначен во намерата да го издигне клубот на едно повисоко ниво.

„Овој клуб е многу важен во мојата фудбалска кариера и во мојот живот. Имав емотивни моменти овде и како играч и како спортски директор“- истакна Леонардо по назначувањето во парискиот клуб.