УЕФА ги објави потенцијалните противници на македонските екипи во Лига Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА ги објави потенцијалните противници за македонските екипи во Лига Европа, а според имињата на тимовите може да се заклучи дека не се премногу атрактивни противниците на Македонија ЃП, Академија Пандев и на Шкупи.

Потенцијални противници на Академија Пандев се Левски од Бугарија, Фехервар од Унгарија, Шахтјор од Белорусија, Нефчи од Азербејџан и Зрински од Босна и Херцеговина.

Од друга страна, Македонија ЃП за противник би можела да добие некој од тимовите, Олимпија од Словенија, Спартак Трнава од Словачка, Жалгирис од Литванија, Алашкерт од Ерменија и Фола Еш од Луксембург.

Додека Шкупи би можел да се соочи со Будуќност од Црна Гора, Хапоел од Израел, АЕК Ларнака од Кипар, кадешто настапува Иван Тричковски, Пјуник од Ерменија, Домжале од Словенија и Сабаил од Азербејџан.