Алекс Фергусон предложил на Манчестер Јунајтед да ангажира клучна алка во клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Сер Алекс Фергусон им предложил на челниците на Манчестер Јунајтед да го назначат Стив Волш за човек задолжен за консултации при регрутирање млади фудбалери.

Волш работеше во Лестер и Евертон, а во Лестер ги донесе Нголо Канте и Ријад Махрез кои станаа големи ѕвезди во Премиер лигата.

Волш две години работеше и како спортски директор во таборот на Евертон, а би требало да има слична позиција и во Манчестер.

Сепак, се верува дека Вудвард нема да го прифати советот на легендарниот Ферги и нема да го ангажира Волш во Манчестер Јунајтед.