Реал Мадрид го промовираше своето најново засилување (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид продолжува со засилувањата во овој преоден рок, па најнов фудбалер на шпанската екипа е Ферлан Менди, кој пристигнува од Лион.

Како што беше објавено вчера, Менди денеска од 13 часот беше претставен пред навивачите на „Сантијаго Бернабеу“.

Најпрво зборуваше претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, кој побара дека е среќен поради најновото засилување, а сигурно истото мислење го дели и талентираниот фудбалер.

„Кралевите“ сигурно тука нема да запрат со засилувања, а веќе се споменува Кристијан Ериксен како следен фудбалер на шпанскиот тим.