Работнички се засили со Кореец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската екипа Работнички денеска го донесе првото засилување во летниот преоден рок, откако на официјалната страна потврди дека го ангажирале 21-годишниот фудбалер за врска Хјунг Јон Ли.

Кореецот во својата кариера настапуваше за Фонтана Финтен и Вехен, кои не се толку познати тимови во јавност, но во секој случај се очекува да биде квалитетно засилување за тимот од Дебар Маало.

Претходно во Работнички беше презентиран и новиот тренер Александар Влахо, кој ќе се обиде да донесе успех за поранешниот македонски шампион.