Уапсен човекот кој е осомничен за несреќата на Емилијано Сала (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала почиина во авионска несреќа пред пет месеци. А тоа го потресе фудбалскиот свет, откако авионот се урна на пат од Нант кон Кардиф, кадешто напаѓачот требаше да ја продолжи кариерата.

Меѓутоа, неговиот фудбалски сон беше прекинат на најлош можен начин, а телото на Сала беше пронајдено по неколку недели потрага.

Светската јавност денеска ја потресе веста дека во Англија е упасен 64-годишен маж, кој е обвинет за трагедијата. Истрагата на британската полиција ги донесе истражувачите до мажот од северен Јоркшир, па тој беше уапсен.

Тој се обвинува дека е одговорен за несреќата на Сала и уште се наоѓа на испрашување, а повеќе информации ќе бидат познати кога ќе се огласат луѓето кои работат на случајот. Сала почина од тешки повреди на главата на градниот кош.

Авионот беше управуван од 59-годишниот пилот Дејвид Иботсон, чие тело никогаш не беше пронајдено.