Никој не толерира безобразно однесување: Кин и Заниоло нема да играат за Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мојс Кин и Николо Заниоло не настапија за младата репрезентација на Италија на Европското првенство против Белгија. Италија успеа да слави со 3-1 и така ја продолжи трката за пласман во полуфинале на натпреварувањето.

Селекторот на младата селекција на Италија, Луиџи Ди Баџо, немаше милост и ги казни споменатите фудбалери. Потегот ја воодушеви јавноста на Апенините, која смета дека на тој начин им покажал на фубдлаерите дека нема да се толерира непочитувањето без оглед на тоа што тие се главни фудбалери на репрезентацијата.

Но, Кин и Занило би можеле да добијат уште поголема казна и тоа од селекторот Роберто Манчини, кој очигледно нема да ги повика на квалификациските натпревари за Евро 2020, кое се игра во септември против Ерменија и Финска.