Нема дилеми: Рома и Интер договорија трансфер на одличен напаѓач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Спорт Италија“ пишува дека Рома ја прифатила понудата на Интер и наскоро се очекува официјална потврда за трансферот на Един Џеко.

Римјаните ќе добијат 10 милиони евра плус младиот напаѓач Едуард Вергани од Интер, а босанскиот напаѓач ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.

Вергани има 18 години и беше предложен во рамки на договорот со Сасуоло околу Стеано Сенси. Меѓутоа, Сасуоло наместо Вергани со 25 милиони евра ќе го добие и 19-годишниот Андре Адоранте.

Да потсетиме, Џеко е голема желба на новиот тренер на Интер, Антонио Конте, а „Кориере дело Спорт“ објави дека трансферот ќе биде официјализиран следната недела.