Мбапе откри каде ќе настапува во сезоната 2019/20 (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе откри на социјалните мрежи дека следната сезона ќе ја помине во дресот на ПСЖ, иако за него покажаа интерес голем број европски гиганти.

Младиот фудбалер, најпрво, во мај навести дека би можел да ја промени средината по две години поминати во Париз.

Во меѓувреме се појавија информации дека го сакаат Реал Мадрид и Ливерпул. Сепак, Мбапе ги прекина шпекулациите откако се огласи на Твитер.

Младиот Французин постави своја фотографија во дресот на парижаните под која напиша „Ова е Париз 2019/20“. На тој начин откри дека ќе остане во Франција и следната сезона.

Мбапе минатата сезона постигна 39 гола и 17 асистенции во сите натпреварувања.