Официјално: Де Коло потпиша тригодишен договор со Фенербахче


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот кошаркар Нандо де Коло потпиша договор со Фенербахче, кадешто ќе остане до 2022 година.

Искусниот бек во Истанбул стигна од ЦСКА Москва, а се очекува да го замени Марко Гудуриќ, кој ќе се пресели во НБА-лигата.

„Сакаме овој договор да биде успешен за клубот и кошаркарот. Се надеваме дека ќе ни донесе многу победи“, соопштија од Фенербахче.

Де Коло во минатото настапуваше за Валенсија, Сан Антонио спарс, Торонто репторс…

Исто така, треба да се спомене дека Фенербахче го продолжи договорот со Џиџи Датоме и Костас Слукас, а Де Коло е прво засилување за тимот на Жељко Обрадовиќ, но најверојатно нема да биде и последно за следната сезона.