Изненадувачка трансфер цел на Манчестер Јунајтед, повторно ќе пазари во Челси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку француски медиуми пренесуваат дека од таборот на Манчестер Јунајтед стапиле во контакт со Челси да се распрашаат за можноста да го ангажираат Тему Бакајоко.

Ѓаволите би можеле да останат без Пол Погба овој преоден рок, а еден од можните негови наследници е Тему Бакајоко кој минатата сезона ја помина на позајмица во Милан.

Се уште не е јасно дали Френк Лампард е подготвен да му даде шанса на францускиот фудбалер за кого постои интерес и од таборот на ПСЖ.

За Бакајоко се интересира и Арсенал, но „топчиите“ немаат финансиски средства да го донесат 24 годишниот фудбалер.